Вести Емисии Македонија Топ тема

Недовербата на јавноста во Обвинителството постојано расте

Јавното обвинителство, особено Обвинителството за гонење на организаран криминал и корупција има прилично голема задача пред себе, во поглед на унапредување на својата репутација во јавноста, затоа што има низа на проблеми кои јавноста ги забележува, сметаат експертите.

Пред да се случи тоа што се случи со Русковска, го имавме неславниот крај на СЈО. Што значи дека јавното обвинителство се соочува со низа проблеми кои остануваат забележани во јавноста, и можеме да забележиме дека недовербата постојано расте. Колку обвинителот сам како еден човек може да смени, искрено не знам, тоа повеќе треба да биде еден системски напор на целото обвинителство, смета Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Според него, за успешноста на било каква реформа многу е важно да се направи дистинкција дали желбата за промени доаѓа од самото обвинителство или пак е наметната како потреба од надвор.

По суспензијата на Русковска и кандидатурата на Јовевски за уставен судија, како и други најавени кандидатури, значат дека некои од челните позиции во обвинителствата ќе бидат испразнети. Но, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска смета дека токму случајот со Русковска може да делува демотивирачки врз евентуалните кандидати.

Морам да напоменам дека за мене навистина беше впечатлива таа изјава на обвинителката Русковска, а се согласувам со тоа и ќе видиме што ќе се случи деновиве, која рече дека смета, оти се што и се случи нејзе околу разрешувањето, односно околу постапката, може да ги демотивира обвинителите кои сакаат да ја заменат нејзе, или да се пријават на таа позиција. Па останува да видиме дали тоа ќе биде така, рече Јошевска Анастасовска.

Професорот Калајџиев пак смета дека ова се тешки времиња да се крене и воопшто да продолжи да функционира обвинителството.

Моментално обвинителството е со две нозе скршени, треба да дојде некој супермен, со крипто сила, да застане на тие нозе и да прво да разреши со овој инцидент, кои беа тие што во вакви критични времиња решија да го докршат правниот систем. Тоа се сериозни одговорности, а тоа се луѓе со име и презиме. Не сме многу во Македонија, горе доле се знаат работите. Ние ова што го гледаме е само врвот, најмалку злоупотреби има затоа што судските постапки се јавни, ги гледаме на судења, и пак има циркуси. И пак на крај може,  божем со сите гараниции за фер судење, без докази да ве осудат. Господ нема да ве спаси. Тоа се само 10 посто од случаите кои што доаѓаат на судење. Што се случува доле, зошто не се поведени постапки, кои се сторителите, дали тие платиле за да не бидат гонети, кој каде попуштил? Тоа не е ни истражено, ако сакаме сериозна реформа и системот да застане на нозе, мора малку и да се направат истражувања, смета Калајџиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе