Вести Емисии Македонија Топ тема

Калајџиев: Состојбите во судството се многу проблематични и сложени

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев упати жестоки критики за новата програма и акцискиот план на Судскиот совет, посочувајќи дека состојбата во македонското судство е проблематична и сложена, но никој до сега не се потрудил да ги испита вистинските причини за тоа.

Се повеќе сум убеден дека нашиот систем нема да се спаси со една програма, како што ниту една држава, а камо ли Македонија, не може да биде правна држава во која што ќе владее правото само поради тоа што ќе има устав и закони, така не може ниту една програма. Треба многу правна култура, професионален однос, интегритет кој не се гради преку ноќ, не можете со една програма да изградите интегритет кај судиите, тврди професорот Калајџиев.

Професорот Калајџиев смета дека и Судскиот совет, и Обвинителскиот совет, иако замислени како тела за некаква судска самоуправа, биел формирани со политички влијанија.

Не можете да очекувате Судкиот совет, кој што го води стручен соработник, да се наметне како авторитет во судството, па недај боже пошироко од државата. Обвинителот што го видовме, се испалтка сиромашкиот во постапката со обвинителката за организиран криминал, подржаа политичко решение бидејќи немаше основ да се разреши и суспендира обвинителката, бидејќи против нејзе вистински нема постапка затоа што вистински нема ниту кривично дело. Не е точно дека е разрешена поради дисциплинската постапка, продолжи Калајџиев.

Според него најдобро е да се носи никаква стратегија.

Состојбите во судството се многу проблематични и сложени, треба прво да се испитаат вистинските корени, не да се набројуваат вообичаените проблеми. Зошто тие проблеми се вакви во Македонија, зошто институциите кои што се зацртани да функционираат како заштита на судиите, не функциионираат? Ги има ли некој испитано реформите кои до сега сме ги спровеле?, праша Калајџиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе