Вести Свет

Во Русија забранет весникот „Новаја Газета“

Без медиумска дозвола остана еден од последните независни весници во Русија, „Новаја Газета“. Руската агенција за регулирање на медиумите Роскомнадзор, обвини дека весникот не доставил документи за промена на сопствеништво од 2006 година.

Главниот уредник Дмитриј Мураков, добитник на Нобелова награда за мир за своите напори да го поддржи критичкото известување во Русија, надвор од судницата изјави дека одлуката е „политичко убиство без нималку правна основа“.

Тој најави жалба од страна на весникот.

„Новаја Газета“ е основан во 1993 година со средства од Нобеловата награда за мир на покојниот советски лидер Михаил Горбачов. Се формираше како водечки руски истражувачки медиум, иако слободата на печатот во Русија, постепено се намалуваше.

Весникот во март престана да известува за руската инвазија, по предупредување за кршење на новиот закон што наметнува строга цензура за известувањето на конфликтот во Украина.

Потоа редакцијата на весникот формираше интернет портал во Европа, чии извештаи исто така беа блокирани од руските власти.

Муратов остана во Русија и во саботата ја предводеше погребната поворка на Горбачов, неговиот финансиски покровител и пријател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе