Последниот главен далновод во украинската нуклеарна централа Запорожје не е во функција, но електричната мрежа продолжува да се снабдува со резервниот далновод, соошти Меѓународната агенција за атомска енергија.
Причина за прекинот на дистрибуција на струја е оштетување на далноводот по серија гранатирања. Претходно во артилериски напади околу централата беа оштетени и другите три далноводи кои ја снабдуваа нуклеарната централа со електрична енергија за потребите на нејзиното функционирање.
Меѓународната агенција за атомска енергија во четвртокот го посети комплексот и изврши инспекција. Во него се останати шестмина експерти, а во наредните денови ќе заминат уште две лица, соопшти МААЕ.
