Вести Свет

(ВИДЕО) Илјадници Руси се просија од Михаил Горбачов

Илјадници руски граѓани денеска чекаат во долга редица да му оддадат почит на последниот советски лидер, Михаил Горбачов, иницијаторот на драстични реформи кои помогнаа да се стави крај на Студената војна и го забрзаа распадот на Советскиот Сојуз. На релативно скромната церемонија на одавање почит, која е без државни почести,  нема да присуствува рускиот претседател Владимир Путин.

Одбивањето на Кремљ да прогласи државен погреб ја одразува непријатноста околу наследството на Горбачов, кој ширум светот беше поздравен поради уривањето на железната завеса, но во Русија многумина го обвинуваа за распадот на Советскиот Сојуз и за економските тешкотии заради кои милиони луѓе западнаа во сиромаштија. Самиот Путин немаше добро мислење за Горбачов, а отсекогаш изјавувал дека распадот на Советскиот сојуз е геополитичка катастрофа.  Путин во четвртокот приватно положи цвеќе на ковчегот во болницата во Москва каде што почина Горбачов.

Доколку погребот на Горбачов беше прогласен за државен, Путин ќе мораше да присуствува, а Москва ќе мораше да покани странски лидери, што се чини дека не сакаше да го стори поради зголемените тензии со Западот по инвазијата на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Предупредување: Небезбедна водата во Ореовец и Леништа

Kristina Kuzmanovski

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе