Вести Свет

Бајден побара Конгресот да одобри уште 11,7 милијарди долари помош за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден ќе побара од американскиот Конгрес уште 11,7 милијарди долари финансиска поддршка за Украина, соопшти Белата куќа.

Средствата ќе бидат наменети за набавка на опрема, разузнавање и директна буџетска поддршка за Украина.

Барањето на американскиот претседател е дел од поголем кризен пакет во вкупна вредност од 47,1 милијарди долари и доаѓа во време кога САД се борат со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 и мајмунските сипаници, како и со последиците од неодамнешните природни катастрофи што погодија одредени држави на југот од земјата, наведуваат британските медиуми.

Бајден од Конгресот ќе бара 11,7 милијарди долари итна финансиска помош за обезбедување воена и буџетска поддршка за Украина и 22,4 милијарди долари за олеснување на последиците од Ковид-19, пред потенцијалниот скок на случаите во текот на есента, соопшти Белата куќа.

Барањето на Бајден доаѓа во време кога Конгресот се уште не го усвоил нацрт-законот за финансирање за 2023 година, што ќе овозможи повеќе време за преговори, забележуваат британските медиуми.

Новото финансирање за поддршка на Украина ќе биде дополнение на 40 милијарди долари што САД веќе ги одобри на почетокот на оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Предупредување: Небезбедна водата во Ореовец и Леништа

Kristina Kuzmanovski

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе