Вести Свет

Русија повторно ја сопре испораката на гас кон западна Европа

Во 3 часот утрово Русија го затвори гасоводот Северен тек 1, како што наведе, за период од три дена. Како причина повторно се наведени проверки и одржување.

Се уште не е испорачана ниту функционалната турбина за овој гасовод.

Станува збор за втор целосен прекин на гасоводот од почетокот на украинската војна со што се прават дополнителни проблеми на државите кои користат руски гас за производство на струја и во зима за греење.

Западноевропските аналитичари сметаат дека овој прекин, Русија може да го продолжи како одговор на тешките санкции кон Кремљ и поради западната воена помош за Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе