Вести Свет

Борел: Да ги спречиме Русите да патуваат во ЕУ за шопинг и задоволство

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да се укине визната либерализација за Русите. Вакво барање претходно побара украинскиот претседател Зеленски, што предизвика жестока расправија меѓу земјите членки. Дел од нив, како Германија, Грција, Кипар и самата Европска комисија беа скептични и го отфрлаа овој ригиден предлог. Но, Финска, Полска, Чешка и балтичките земји веќе престанаа да им издаваат краткорочни визи на руските државјани. По денешниот неформален состанок, првите дипломати на ЕУ земјите сепак излегоа со заеднички став, кој го пренесе еврокомесарот за надворешна политика Борел. Објасни дека  целта на укинувањето на визната либерализација за Русите е да се спречи тие што ја поддржуваат војната во Украина да патуваат за задоволство во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе