Вести Македонија Најважни

Сашо Мијалков се пријавил во затворот во Струга

Според информациите на Телма, екс директорот на УБК Сашо Мијалков ја испочитувал судската покана за издржување на затворската казна од 3 години откако склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот Империја и денеска после 14 часот се пријавил во отворениот затвор во Струга.

Мијалков предходно го промени своето жителство од Скопје со Струга заради подобрите услови од истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари.. Тој пред три недели побара и доби одложување на затворската казна поради здравствени причини..

Мијалков има една правосилна затворска казна од 3 години за случајот Империја, а со спогодбата прифати да уплати околу 36 милиони евра во пари и имот (меѓу нив и над 2000 квадрати станбен простор) во Панорама на Водно.

Има уште две првостепени пресуди на вкупно 20 години затвор за предметите со нелегалното прислушување (Тврдина таргет) и за нелегална набавка на софтвер за следење на комуникации во УБК.

Минатиот викенд додека беше на одложување на затворската казна поради здравствени причини, Мијалков се појави на прослава на раѓање на внук.

„Виновен сум ама малку“- спогодби со обвинителството за признание на вина завршуваат со мекици и условни казни

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе