Вести Македонија Најважни

„Виновен сум ама малку“- спогодби со обвинителството за признание на вина завршуваат со мекици и условни казни

Додека Сашо Мијалков со мекици прославува внук во тајминог кога му е одложена затворската казна од здравствени причини, јавноста дозна за уште една спогодба. Поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ пред обвинителка признал дека на судењето за предметот Талир дал лажен исказ во полза на обвинетите меѓу кои е и Никола Груевски. Неговиот исказ нема да се важи, а доколку во судница го повтори лажното сведочење ќе му биде активирана затворската казна, тврдат од скопското обвинителството. Судските набљудувачи пак тврдат дека спогодбите за признание на вина се се почести, но судиите ниту ги проверуваат договореното меѓу обвинителот и обвинетиот ниту пак објаснуваат како е дојдено до казните кои јавноста ги смета за благи.

Мекици за внук и забава на увце со песните на националната евровизиска претставничка Тамара Тодевска. Викендот токму пејачката објави фотографија на која е со осудениот Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК кој се спогоди со обвинителството, призна вина и даде околу 35 милиони евра имот за да добие затвор од три години.

Мијалков инаку е на здравствено одложување на затворската казна, наместо на 8-ми август, треба да се пријави во струшкиот затвор во Теферич во понеделник на 22-ри август. Фотографиите покажуваат дека не е на лекување.

Уште една спогодба, на високо профилиран политичар, поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ беше дознаена вчера преку веб медиумот Призма. За лажен исказ на судење за предметот Талир, доби условна казна со директна спогодба со обвинителот.

Спогодбите стануваат се почести, велат и од коалицијата за правично судење кои набљудуваат дали и како се спроведува правдата во Македонија.

-Речиси половина од случаите кои Коалицијата за правично судење ги набљудува завршуваат со спогодби и со признание на вина. Што значи дека статистички има спогодби во судскиот систем, ни изјави Дарко Аврамовски од „Коалиција за правично судење“

Проблемот според Аврамовски е што судиите многу ретко или речиси никогаш не проверуваат како се спогодиле обвинителот и обвинетиот ниту пак објаснуваат зошто е изречена казна особено за високопрофилираните случаи со функционери кои за јавноста се преблаги.

-Судот ги прифаќа договорените казни без да провери дали во спогодбите се користело притисок врз обвинетиот или пак дали казните кои обвинителот и обвентиот ги договориле се соодветни. Често се наведува дека казната по спогодбата е таква каква што е поради каење на обвинетиот или зашто е родител на малолетни деца и само тој заработува, а сето тоа треба да биде проверено од судија на претходна постапка, кој има можност да ги турне таквите спогодби или барем соодветно да ги објасни казните, објаснува Аврамовски од „Коалиција за правично судење“.

Последната спогодба на Тодоровиќ за лажен исказ е склучена на први јули, а неговата сопруга пак признала вина и се спогодила за делото попречување на правда во предметот Талир каде е обвинет и Никола Груевски. Добиле условни казни иако законот за тие дела пропишува затворски од минимум 4 години за Тодоровиќ, односно од една до десет години за неговата сопруга.

Од скопското обвинителство за Телма убедуваат дека лажниот исказ во полза на обвинетите во Талир сега нема да се користи во судењето, а доколку Тодоровиќ го повтори истото во судница и повторно лажно сведочи ќе му биде активирана казната од две години затвор.

Спогодби покрај Мијалков и Тодоровиќ, со обвинителството склопија и Орце Камчев кој доби една година затвор, Ненад Јосифовиќ, Зоран Милески Кичеец двапати, но и многу други обвинети во предмети на СЈО.

Министерот за правда Тупанчевски најави дека спогодбите (досега нема анализа) треба да се анализираат да се утврди дали казните се соодветни на делата за кои се склучуваат спогодбите.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запален Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе