Свет Топ вести

Нови напади со дронови на руски цели во Крим – Русија тврди дека одбила украински напади

Нови напади со дронови против руски цели се регистрирани на полуостровот Крим и во други делови од Украина кои се под руска окупација.

„Чад се крева над седиштето на црноморската флота на руската федерација во Севастопол“ – објави денеска украинскиот јавен сервис Суспилне, повикувајќи се на локални медиуми и објавувајќи видео снимки од местото на наводниот напад.

Руските власти на анексираниот Крим соопштија дека дрон бил соборен и се урнал во близина на седиштето на црноморската флота на руската федерација во Севастопол. Според гувернерот на најголемиот град на Крим, Михаил Развожаев, соборениот дрон од руските против-воздушни сили се урнал врз покривот на седиштето на флотата околу 8 часот наутро.

Жителите на Севастопол исто така потврдија дека слушнале експлозии во градот.

„Се разбудивме утрово, доручкувавме и по некое време слушнавме татнеж на експлозија. Две слични експлозии случнавме и синоќа кога шетавме покрај морето. Ова беше многу сличен звук на експлозија. Нејасно е што беше. Но, заради тој звук станувате нервозен“ – вели Марина Шкарина, жителка на Севастопол.

Руските медиуми истовремено објавија дека противвоздушната одбрана соборила цели на небото над Севастопол, Јевпаторија и Заозерне. Станува збор за украински дронови, тврди руската армија.

Факт е дека во текот на минатата недела има серија напади против руски воени локации и опрема на Крим за кои Украина официјално не презеде одговорност.

Полуостровот Крим беше анексиран од Русија во 2014-тата година.

По вчерашниот телефонски разговор и договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и францускиот лидер Емануел Макрон за испраќање на инспектори на меѓународната атомска агенција во нуклеарната централа Запорожније, своја поддршка за овој план денеска даде и Украинскиот лидер, Зеленски.

„Со оваа мисија, целосна безбедност во Запорожније и Енерходар може да биде воспоставена. Благодарен сум им на сите кои заеднички работеа за оваа цел и иницијатива. Ако руската уцена со радијација продолжи, ова лето може да влезе во историјата на Европските држави како најтрагичното на сите времиња“ – предупреди Зеленски.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш денеска во Истанбул ја набљудува и инспекцијата на бродовите со Украинско жито кои заминуваат од пристаништата на Црното Море.

Гутереш потврди дека досега 25 бродови заминале од Одеса и другите Украински пристаништа откако завојуваните страни потпишаа 4 месечен договор за извоз на житото во Јули.

Со овие бродови досега се пренесени повеќе од 600 000 тони жито и други производи како пченица, пченка и сончогледово масло.

Извозот на овие украински но и на руските производи од прехранбената индустрија е клучен за решавање на проблемот со недостаток на храна и глад кој се закануваше на голем дел од земјите во Африка и Азија.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници барал пари од својата мајка – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Стомачните тегоби не стивнуваат, но епидемилошката состојба полека се смирува, велат епидемиолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе