Вести Свет Топ вести

Вучиќ и Курти седнаа на иста маса во Брисел

Во Брисел на иста маса и со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот пратеник за дијалог, Мирослав Лајчак полна дијалогот Белград – Приштина.

Средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти започна околу 10:30 часот. Непосредно пред средбата Борел на Твитер напиша дека очекува од двајцата лидери да бидат флексибилни  и отворени за да се изнајде заеднички јазик.

Вучиќ пак на Инстаграм напиша дека се надева на „некакво решение„ иако вчера од Брисел порача дека очекува разговорите со Курти да бидат тешки.

Курти на заедничката прес конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг порача дека постои оправдана загриженост на институциите на Косова и побара што е можно поскоро вклучување на земјата во алијансата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе