Вести Свет Топ вести

Силна експлозија во Ереван, двајца загинати и 60 повредени

Најмалку две лица загинаа, а околу 60 други се повредени во експлозија на магацин за пиротехника во трговски центар во Ереван, главниот град на Ерменија.

Локалните власти стравуваат дека под урнатините има затрупано непознат број луѓе. На социјалните мрежи се објавуваат снимки на кои се гледа густ црн чад и пожар.

Засега е нејасно како се случила експлозијата, по која според очевидци, следувале низа послаби експлозии.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе