Вести Свет Топ вести

Северна Кореја го победи и коронавирусот, за чие избувнување бил виновен Сеул

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи победа во борбата против коронавирусот три месеци откако соопштија за првиот случај на заболено лице.

Во извештајот на државната агенција КЦНА, се наведува дека Ким наредил укинување на вонредните мерки воведени за борба со епидемијата.

Минатата недела севернокорејските власти објавија дека сите пациенти со симптоми на таа вирусна треска закрепнале, што го означува крајот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот што избувна кон средината на мај.

Ким беше цитиран дека кампањата против вирусот е завршена, но дека Северна Кореја мора да остане будна и ефикасно да ги следи пограничните области.

Во меѓувреме, сестрата на Ким, Ким Јо-чан, на истиот состанок рече дека и самиот севернокорејски лидер имал симптоми на треска, додавајќи дека избувнувањето е предизвикано од пропагандни летоци против Северна Кореја дистрибуирани од Јужна Кореја, предупредувајќи дека како одговор „ ќе бидат преземени смртоносни одмазднички акции“.

Дури и тешко болен со висока температура, тој не можеше да легне ниту една минута бидејќи постојано размислуваше за луѓето за кои требаше да се грижи до крајот во војната против епидемијата, рече таа во пофалбата до нејзиниот брат за неговите напори.

Земјата нема пријавено никаква болест или сомнителни случаи поврзани со избувнувањето речиси две недели. Не е јасно колку инфекции на Ковид-19 имало регистрирано земјата вкупно.

Меѓународно изолираната нација првпат официјално ги потврди инфекциите со коронавирус во средината на мај и дека се соочува со епидемиска вонредна состојба. Оттогаш се зборуваше за „случаи со треска“. Според сопствените бројки на земјата, од крајот на април се регистрирани скоро 4,8 милиони вакви случаи. Имаше 74 жртви, пренесе ДПА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе