Вести Свет Топ вести

Трамп ќе сведочи по обвинувањата за затајување данок

Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе биде сослушан под заклетва во долготрајната граѓанска истрага на њујоршкиот јавен обвинител за неговите зделки како магнат со недвижности. Ова тој го потврди во објава на својот профил на „Truth Social“. Сведочењето на Трамп доаѓа во време на низа правни постапки против него и по само неколку дена од претресот на агенти на ФБИ на неговиот имот во Мар-а-Лаго во Флорида, како дел од неповрзана федерална истрага за тоа дали земал доверливи записи кога ја напуштил Белата куќа. Граѓанската истрага во Њујорк, предводена од државниот обвинител Летиција Џејмс, вклучува наводи дека компанијата на Трамп, навела лажна вредноста на имотите како што се терените за голф и облакодери, доведувајќи ги во заблуда заемодавачите и даночните власти.

Јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс, го истражува Трамп и неговата компанија, Организацијата Трамп, околу три години. Наводите што таа ги проверува се однесуваат на тоа дали Организацијата Трамп погрешно ја навела вредноста на своите средства. Многу од нејзините клучни средства, вклучително и терени за голф и облакодери, и со тоа дали ги довел во заблуда банките што му позајмиле пари, како и даночните власти, вели Мајк Сисак од Асошиејтед прес.

Во мај, канцеларијата на Џејмс соопшти дека е при крај со истрагата и дека инспекторите собрале значителни докази кои би можеле да поддржат правна постапка, како што е тужба, против Трамп и неговата компанија.

Сведочењето на републиканскиот милијардер првично беше планирано за минатиот месец, но беше одложено по смртта на неговата поранешната сопруга, Ивана Трамп.

Истрагата на јавниот обвинител Џејмс е граѓанска по природа, а не криминална. Така, може да заврши со тужба и потенцијални граѓански казни како парична казна. Летиција Џејмс е демократ и Доналд Трамп постојано повторува дека нејзината истрага е дел од континуираниот лов на вештерки против него, додава Сисак.

Во петок, претставници од Организацијата Трамп и нејзиниот долгогодишен директор за финансии, Ален Вајселберг, ќе бидат пред суд барајќи отфрлање на обвиненијата за даночна измама, поднесени против нив минатата година во паралелната кривична истрага на окружниот обвинител на Менхетен.

Александар Петревски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе