Вести Македонија

Проширена истрагата против поранешниот генерален секретар на владата Мухамед Зекири

Обвинителството за организиран криминал ја проширило истрагата за екс-генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири. Станува збор за друг кривично-правен настан, каде што владата, преку генералниот секретар Мухамед Зекири, склучила договор со правно лице за консултантски услуги за реорганизација на Желeзници, информираат од обвинителството за Телма.

Обвинителстовото го сомничи дека и овој договор бил склучен без тендер. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба уште од април кога обивнителстовто за органзиран криминал отвори истрага за Зекири, и уште двајца хрватски државјани,  исто така за договор за консултантски услуги без постапка за јавна набавка.

Во меѓувреме, скопска апелација му го продолжи домашниот притвор за нови 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“

Дејан Дејан

Дали воведувањето на глобалниот данок од 15 отсто ќе ги испразни ТИРЗ зоните во земјава?

Дејан Дејан

Во Агенцијата за вработување чекаат работа над 600 магистри и дваесет доктори на науки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе