Рускиот напад врз Украина во центарот на вниманието стави уште едно место кое би можело да се соочи со инвазија од нејзиниот поголем сосед. Тајван, остров со 23 милиони жители на околу 160 километри од источниот брег на Кина, е под своја самоуправа, но Кина го смета како дел од својата територија. По посетата на Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, односите меѓу двете земји достигнаа точка на вриење. Кина во неколку наврати денеска го наруши воздушниот простор на островската земја, на што Тајпеј одговори со подигнување на нивото на борбена готовност и распоредување на ракетни системи за заштита на својата територија од евентуален напад од својот сосед. Пред неколку години тензиите меѓу двете земји ги подгреа и кинескиот претседател Си Џимпинг го рече дека островот природно и припаѓа на Кина и дека не исклучува воена интервенција во насока на остварување на големиор кинески сон за Една Кина.
Тајванските специјални воени сили вршат воени вежби, а дел од населението се оспособува да може да се вклучи при евентуален конфликт со давање медицинска помош.
Многу луѓе се свесни што се случува во Украина. Во минатото, можеби мислевме дека војната е само нешто меѓу војниците. Но, сега, тоа не изгледа така. Понекогаш, и цивилите треба да се вклучат во хуманитарната работа. Но штом помагате во собирање ресурси, вие исто така станувате цел, вели Паул Лаи од округ Пингтунг, јужен Тајван.
Според информациите на тајванските медиуми интересот на тајвански цивили за обука за воена и прва помош е се поголем бидејќи според нив станале свесни за зголемената закана од можен конфликт инициран од Кина. Во обука на цивилите се вклучуваат и приватни компании.
На секоја сесија ги прашувавме заинтересираните зошто би посетувале часови по прва помош. Многумина ја споменуваат загриженоста поради војната во Украина. Тие се прашуваат „Јас сум цивил, што можам да направам за да помогнам? Што можам да направам за себе, за моето семејство или што можам да направам за другите?, вели Џек Чанг – генерален секретар на тајванско здружение за парамедицина.
Кина смета дека Тајван е дел од нејзината територија без право на независно признавање како држава или претставување на светската сцена. Откако тајванската претседателка Цаи Инг-вен ја презеде функцијата во 2016 година, Пекинг ги прекина сите контакти со нејзината влада.
