Вести Ковид19 Македонија

Нема нови хоспитализации, а бројките на инфицирани со коронавирусот секој ден расте

Бројките на заразени со коронавирусот троцифрени, но засега нема притисок врз болничките капацитети уверуваат инфектолозите  од ковид центрите во земјава.

Незначителен е бројот на ковид пациенти кои се лекуваат во болниците во Штип, Тетово, Битола и Струмица. Во штипскиот ковид центар има седум пациенти од целиот источен регион, дел од нив се  вакцинирани со две дози вакцина, друг дел се  со коморбидитети, претежно повозрасни граѓани.

Инфектолозите со став  дека поголемиот дел од пациентите поминуваат со полесна клиничка слика и третман во домашни услови, што всушност е и карактеристика на сојот омикрон.

Новиот бран е причина СЗО да го продолжи периодот на пандемијата. Расте бројот на новозаразени низ Европа, а ситуацијата преставува висок ризик за јавното здравје порача е и  Арабела Марија, директор на болница во Италија, која присуствува на меѓународната конференција во Штип со преставници од Шпанија,Португалија, Франција, Германија. Смета дека засега никој не може да прогнозира што ќе се случува оваа есен, но спасот го гледа во имунизацијата.

Лекари, но и локалните власти од седум европски држави ги споедлуваа искуствата, како му помогнале на здравствениот систем за време на пандемијата. Искуствата се слични со вклучување на волонтери, како и логистичка поддршка при уминизација на населението.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе