Вести Свет Топ вести

Украина, Русија и Турција во Истанбул ќе договараат безбеден транспорт на житото преку украинските пристаништа

Шефот на Украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, ијзави дека пред да може да биде извезено житото и пченицата кои ги произведува неговата земја, неопходно е да се гарантира безбедноста на сопствениците на бродовите како и на сопствениците на житото но и на Украинските пристаништа.

Делегации од Украина, Русија и Турција ќе се состанат денеска во Истанбул со претставници на Обединетите нации со цел да договорат безбеден транспорт на житото од Украинските пристаништа на Црното Море до меѓународните пазари. Заради војната, околу 22 милиони тони жито засега не можат да ја напуштат Украина, тврди претседателот на оваа држава, Володимир Зеленски.

Според Украинците, желбата на Русите да избегнат дел од санкциите се заканува да предизвика глад кај милиони луѓе ширум светот кои се прехрануваат со житото од Украина.

Според организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации, војната ги загрозува пратките со храна за голем број земји во развој и речиси 181 милион луѓе кои живеат во нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе