Вести Свет Топ вести

Маск се откажа од купување на Твитер

Американскиот милијардер и основач на Тесла  и на Спејс Икс, Илон Маск соопшти дека се повлекува од договорот за купување на Твитер.

Маск се повлече од понудата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, обвинувајќи ја дека одбива да дава информации за лажните налози.

Твитер веднаш возврати и соопшти дека ќе го тужи Маск за непочитување на договорот.

Вредноста на акциите на Твитер вчера се намали за пет проценти односно на 36,81 долари, што е значително под 54,20 долари, колку што Маск беше подготвен да плати за акција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе