Вести Свет Топ вести

Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго

Американската полиција уапси еден млад маж, за кој постои сомневање дека го извршил масовното убиство на парадата по повод денот на независноста во градот Хајленд Парк во државата Илиноис. Убиени беа 6 луѓе, ранети најмалку 30-мина а повеќе стотици учесници на прославата, во паника се разбегале на сите страни.

22-годишниот Роберт Кримо бил приведен по куса полициска потера, потврдија официјални извори а сега почнува потрагата по сите докази кои ќе ја потврдат неговата вина.

„Повторно, ќе мора позитивно да го поврземе со настанот и секако сакаме да ја завршиме својата работа. Знаете, го објавивме неговото име. Сакаме да бидеме сигурни дека имаме повеќе работи со кои ќе можеме да потврдиме дека го имаме, дека тој е навистина добар осомничен“ – изјави Лу Јогмен, шеф на полицијата во Хајленд Парк.

Полицијата потврди дека напаѓачот се качил на покривот на еден објект покрај улицата по која се движела парадата и отворил оган кон учесниците.

Според полициски информации, тој бил уапсен по куса потера а сведоците на неговото приведување потврдија дека не пружал отпор на полицијата и мирно влегол во нивното возило.

„Не кажа ништо. Имаше многу задоволен изглед. Беше…се чинеше дека е многу мирен, кул и прибран, што е навистина бизарно“ – вели Кејт Рапел, сведок на настанот.

Иако според сите анкети на јавното мислење, мнозинство од американските граѓани ја поддржуваат промена на законодавството со која би се ограничила можноста на граѓаните слободно да купуваат огнено оружје, моќното лоби на производителите на оружје и Републиканците оневозможуваат суштинска реформа, повикувајќи се на вториот амандман од Уставот.

„Тажно е дека можат да ги набават овие оружја. Тоа е многу вообичаено сега. Веќе не се вознемируваме. Мислам дека додека законите не се променат, ќе продолжи по старо, за жал“ – оцени Рон Туазон еден од учесниците на парадата.

Ова е само последното повеќекратно убиство со огнено оружје во Соединетите американски држави. Оваа година, во просек, на секои 7 дена има по еден ваков инцидент.

Претседателот Џо Бајден изјави дека е шокиран од насилството, конзервативците секако ќе испратат молитиви и сочувство за жртвите и нивните семејства, но САД и натаму ќе останат единствената држава во која вакви трагични настани се случуваат.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Дејан Дејан

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Дејан Дејан

Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе