Русија нема „никаков проблем“ доколку Финска и Шведска се приклучат на НАТО, рече претседателот Владимир Путин, но предупреди дека Москва ќе возврати на истиот начин доколку НАТО постави инфраструктура во нордиските земји.
„Што се однесува до Шведска и Финска, ние немаме такви проблеми со Шведска и Финска какви што имаме со Украина, за жал. Немаме територијални прашања или спорови. Немаме за што да се грижиме во однос на членството на Финска и Шведска во НАТО. Па, тие го сакаат тоа, ве молам. Тие само треба јасно да разберат дека претходно немало закани за нив. Сега, ако таму се распоредени воени контингенти и инфраструктура, ќе мораме да одговориме во огледало“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Путин рече дека е неизбежно односите на Москва со Хелсинки и Стокхолм да се нарушат поради нивното членство во НАТО.
Во меѓувреме на терен се одвива најголемата размена на затвореници од почетокот на војната помеѓу Русија и Украина. Украинскиот претседател Зеленски потврди дека 144 украински борци биле ослободени од руско заробеништво од кои 95 од нив беа вклучени во одбраната на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
„Вративме дома 144 украински борци од руско заробеништво, вклучувајќи 59 борци на националната гарда, 38 борци на морнарицата, 28 борци на вооружените сили, 17 граничари и еден полицаец. Најстариот меѓу ослободените борци има 65 години. Најмладиот има 19 години. Конкретно, 95 дефанзивци на Азовстал се враќаат дома“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Русија објави дека ги повлекува своите сили од украинскиот Змиски остров, нарекувајќи го „гест на добра волја“ да му се дозволи на Киев да извезува земјоделски производи.
Напорот на Москва да ја преземе контролата врз целиот регион Донбас од Украина е фокусиран на Лисичанск, последното преостанато украинско упориште во провинцијата Луганск. Руските трупи и нивните сепаратистички сојузници контролираат 95 отсто од Луганск и околу половина од Доњецк.
Мартин Николовски
