Вести Свет Топ вести

Кирил Петков денеска и официјално ќе поднесе оставка на бугарската влада предводена од него

Денеска се очекува да биде поднесена оставка на бугарската влада предводена од премиерот Кирил Петков, откако минатата недела не успеа да го надмине гласањето за недоверба.

Бугарскиот претседател Румен Радев е пред почеток на консултации со пратеничките групи во Народното собрание и потоа доставување мандат за составување нова влада. Уште во петокот додека Петков беше во Брисел на Советот на ЕУ, Радев најави дека очекува оставка на Петков бидејќи тој ќе ја започне процедурата.

Според бугарскиот устав, Националното собрание има право да направи три обиди за формирање на кабинет.

Првиот  мандат Радев треба да го додели на „Продолжуваме со промената“ како најголема пратеничка група во бугарскиот парламент, која има намера повторно да го предложи Кирил Петков за премиер.

Доколку „Продолжуваме со промената“ не успеат да обезбедат мнозинство и нова влада, претседателот ќе го предаде вториот мандат на ГЕРБ-СДС, која вчера најави дека веднаш ќе му го врати на Румен Радев. Третиот мандат на претседателот на Бугарија избира на која од останатите пратенички групи ќе и го додели.

Доколку третиот обид не успее, Радев назначува преодна влада, го распушта Националното собрание и закажува предвремени избори

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна исплатата на социјална помош по најавата дека ќе доцни

Дејан Дејан

Мундијалот низ бројки, англиските клубови со најмногу фудбалери на СП

Дејан Дејан

Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе