Граѓани активисти за заштита на женски права излегоа на протестот пред Врховниот суд во Вашингтон, по одлуката да се поништи законот Роу против Вејд. Пресудата од 1973 година им дозволи на жените во САД легално да изберат дали ќе абортираат.
Укинувањето на законот значи дека државите кои го поддржуваат животот може да го криминализираат прекинувањето на бременоста, односно сека милиони жени во САД ќе го изгубат правото на легален абортус.
По одлуката на врховните судиите протести, говори и помали собири има низ целата земја, луѓето се на улица во Њујорк, Лос Анџелес, Детроит, Филаделфија, Атланта и пошироко.
Клиниките за абортус во САД ги затвори вратите веднаш по одлуката на Врховниот суд. Според медиумите, жените биле информирани дека нивните термини се откажани. Мединцкиот персонал смета дека сега голем број пациенти ќе бараат медицинска помош надвор од државата.
- Но, ние сме доволно среќни што пристапот во моментов е заштитен овде во државата Канзас, но знаеме дека ќе има многу пациенти надвор од државата отколку тука и дека пристапот за луѓето во нашите околни држави и за луѓето овде во државата Канзас кои повеќе не можат да добијат грижа, ќе бидат многу сериозно погодени- Ребека Тауб, докторка во женска клиника.
- Се случи. Имав неколку членови на персоналот овде кога дојде одлуката, и на кратко бевме заедно. Отидов и го проверив персоналот во нашата администрација и тие потврдија па, го проверив нашиот медицински тим. Тие се вратија назад да им помагаат на пациентите. Персоналот се однесуваше вообичаено, за жал, бидејќи знаеја дека имаме пациенти на кои им е потребна оваа грижа- Ешли Бринк, директорка на женска клиника.
.
