Вести Свет Топ вести

Околу 3.500 демонстранти се собраа денеска во Минхен, пред почетокот на утрешниот самит на Г- 7

Околу 3.500 демонстранти се собраа денеска во Минхен додека Групата седум водечки економски сили се подготвува да го одржи својот годишен собир во Баварските Алпи во Германија, замјата која претседава со Г-7 оваа година.

Полицијата претходно соопшти дека очекува околу 20.000 демонстранти во баварскиот град, но првично помалку луѓе се појавија на главниот протест кој започна напладне.

Демонстрациите ја критикуваат глобализацијата, бараат одлуки за постепено укинување на фосилните горива, зачувување на животинската и животната средина.

  • Ние велиме дека е сосема во ред да се состанат Г7. Но, не ни требаат убави фотографии на шефовите на влади на Г7. Ни требаат конкретни одлуки, сосема различни политики. Треба да се ослободиме од нафтата, јагленот и гас, војната во Украина многу јасно покажа колку сме зависни од нив. И треба да влеземе во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност. И сакаме да видиме такви конкретни одлуки во Елмау- Кристоф Бауц, директор на Кемпакт.
  • Она што ме нервира за Г7 е тоа што има многу се зборува за човековите права, заштитата на животната средина, но многу малку се право за тоа. Тие секогаш бараат големи решенија, но на крајот никогаш не ги спроведуваат. Никогаш не размислуваат за мали решенија, децентрализирани решенија. Да бидам искрена, имам мала надеж дека овој протест ќе промени нешто. Но, за мене останувањето дома едноставно не е алтернатива. Ќе продолжам да протестирам се додека тоа е сè уште можно- Нина, информатичарка од Минхен.

Највисокиот функционер за безбедност на Германија, министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, ги повика демонстрантите да се воздржат од насилство.

Околу местото на самитот и протестите се распоредени околу 18.000 полицајци.

Лидерите на Г-7 – од САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија – се очекува да почнат да пристигнуваат во Германија во сабота попладне и ќе се занимаваат со прашања како што се војната на Русија против Украина, климатските промени, енергијата, како и безбедноста на храната.

Самитот на Г-7 ќе се одржи во Елмау во Баварија од недела до вторник. По завршувањето на состанокот, лидерите на 30-те земји од НАТО алијансата потоа ќе се соберат на нивниот годишен самит, кој се одржува од среда до четврток во Мадрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе