Вести Македонија Топ тема

Маричиќ во Топ Тема: Ќе инсистираме позициите кои ги изнесовме да бидат вградени во преговарачката рамка, за да биде прифатлива и кај нас

Денеска не сме добиле нов француски предлог или нацрт предлог, туку бугарското собрание изгласа декларација во која ги реафирмира или видеоизменува своите ставови, ние ги изнесовме своите ставови на самитот вчера и доколку успее врз основа на тие изнесени позиции француската влада, претседателот и француското претседателство со ЕУ да предложи нов поинаков предлог, ние ќе бидеме подготвени да го разгледаме и да видиме дали нашите позиции и црвени линии, дали се внесени и задоволени за да можеме да разговараме, изјави вечерва вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, во вечерашната Топ Тема.

Сигурни сме дека ние ќе инсистираме на позициите кои ги изнесовме да бидат вградени во целиот пакет и во преговарачката рамка и во заклучоците, за да бидат прифатливи и кај нас, додава Маричиќ на прашањето која  е гаранцијата дека македонските позиции ќе бидат дел од францускиот предлог.

Наша цел не е да правиме непријатели, што не значи дека секогаш ќе се согласуваме со нив, изјави вицепремиерот за евроинтеграции за реакциите кои ги предизвика францускиот предлог.

Ние имаме двоен интерес во целата работа. Имаме интерес да го зачуваме нашиот идентитет и јазик и достоинствено да влеземе во преговорите со ЕУ и од друга страна имаме интерес да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, цел која ни е зацртана од 1992-та година и е наша стратешка цел, изјави Маричиќ.

Јас не можам да го толкувам премиерот Ковачевски изјави Маричиќ на прашањето да ја коментира изјава на премиерот дека има одредени експерти во државата кои создаваат хистерија заради некои трети земји.

„Факт е дека постоеа луѓе, поранешни политичари, луѓе кои се заинтересирани за овој процес, кои или погрешно ги информираа или намерно креваа тензија, дел од политичките партии или медиумите.“ – смета Маричиќ.

Според вицепремиерот за евроинтеграции, многу поважно за државата е да се даде поддршка во преговорите на владата која има рамка за ставовите и позициите, отколку да се праќаат патетични СМС пораки на министри за надворешни работи низ Европа во која ќе ги повикуваме да го одбијат предлогот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе