Вести Свет Топ вести

Петков: Ќе има нови министри во следната влада на „Промените продолжуваат”

Не е време да се кажам кои ќе бидат новите министри, кога претседателот на Бугарија Румен Радев, ќе и го додели мандатот на „Промените продолжуваат“, изјави за Нова ТВ премиерот во оставка Кирил Петков.

Според Петков, нема подобар вицепремиер и министер за финансии на Бугарија од Асен Василев, кој ги фатил обидите за кражба на пари од досегашниот министер за регионален развој Гроздан Караџов, кој е од партијата на Слави Трифонов.

Петков кажа дека неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ и ќе ја претстави својата програма за следните шест месеци и за една година. Според него, ако успеат да соберат 121 пратеник, Бугарија за првпат ќе има независна влада и задкусните игри нема да може да влијаат на нејзините активности, како што беше случајот со партијата „Има таков народ“.

Бугарскиот претседател Румен Радев ниту еднаш не и помогнал на владата и постојано ја критикувал, коментира Петков.

-Радев немаше конструктивна улога ниту на темата Северна Македонија, дециден беше Кирил Петков.

Премиерот во оставка коментираше дека не го разбира Радев и дека за вакви важни национални прашања сите требало да седнат и да одлучат што да прават по ова важно прашање, бидејќи имало многу добар предлог од француското претседателство со ЕУ, кој ги штити интересите на Бугарија.

-Дали ГЕРБ и Бојко Борисов ќе се вратат на власт во Бугарија зависи од луѓето на улица и гласачите во неа, коментира Кирил Петков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе