Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Дали француската рамка ја става Македонија на паркинг да чека двотретинско мнозинство за менување на уставот па да почнат преговорите?

Ние на првата меѓувладина конференција се согласуваме со преговарачката рамка и таа станува еден вид Устав на пристапниот процес, изјави Димитров.

Граѓаните треба да знаат дека овој предлог не го решава спорот. Тоа што Радев вели па македонските Бугари не се малцинство, тоа е рамноправен народ, при тоа не смее да спомене Македонски народ. Тоа што имаат резерва кон македонскиот јазик, кажува дека имаме спор. Таму има амбиција да се користи европскиот процес, за исполнување на бугарските цели. Второ, ние со овој договор, не ги ни започнуваме преговорите. Се додека не го смениме уставот со двотретинско мнозинство, за што ако ги слушаме изјавите на лидерот на опозицијата нема во моментов никаква намера, вели Димитров.

„Значи овој предлог, што и носи на земјава? Ќе си се паркираме ама маката ќе биде кај нас, бидејќи веќе сме се согласиле на правила кои што бугарските барања ги прават Европски услов и ќе си чекаме да се собере двотретинско мнозинство во Собранието“ – вели Димитров.

Треба да знаеме од што се браниме, па потоа да се браниме. Има можни замки, тоа не е нималку наивно.Многу е битно да во таа преговарачка рамка не влезе ништо што има врска со идентитетските прашања, смета Марковиќ.

„Се што се однесува на заштита на малцинства, на виртуелни дебати околу заедници, околу образование, промена на учебници, нешто што може да има мерлив резултат а нема да влијае идентитетски на нас, тоа е прифатливо. Се што има врска со работата на историската комисија и се помести внатре. Ако на историската комисија на кој било начин и се создаде притисок да произведува нешто, не би смеело да има внатре“ – вели Марковиќ.

Околу македонскиот јазик јас мислам дека нема да ги премислиме Бугарите во овој негаторски став, само ми е жал што не бевме поискрени во самиот старт, смета Марковиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе