Нобеловиот медал на рускиот новинар Дмитриј Муратов е продаден на аукција за рекордни 103,5 милиони долари на аукција, а средствата се наменети за децата бегалци од војната во Украина, објави Асошиетед прес.
Портпаролот на Heritage Auctions, кој ја спроведе аукцијата, не можеше да го потврди идентитетот на купувачот и рече дека победникот го дал финалното наддавање преку посредник.
103,5 милиони долари се еднакви на 100 милиони швајцарски франци, забележува АП.
Наддавањето се одржа на Светскиот ден на бегалците.
Претходната највисока сума платена за Нобелови медал беше 4,76 милиони долари. Ова се случи во 2014 година, кога Џејмс Вотсон, еден од откривачите на структурата на ДНК, ја продаде својата награда, добиена во 1962 година.
