Вести Свет Топ вести

Меркел ја осуди инвазијата врз Украина во првото интервју откако е во пензија

Руската инвазија врз Украина е „брутален напад кој ги игнорира човековите права и нема никакво оправдување за тоа“, изјави поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во нејзиното прво интервју откако не е на власт.

Таа рече дека нападот е голема грешка, но додаде дека никогаш немало шанса да се создаде безбедносна архитектура која ќе ја убеди Русија да бара алтернативен пат.

Секако дека се прашував што направивме погрешно, рече таа, говорејќи за „големата трагедија“. Дали можевме да направиме повеќе за да го спречиме тоа, она што јас го нарекувам голема трагедија. И затоа сè уште си ги поставувам тие прашања, додаде Меркел.

Но, таа исто така рече дека нема намера да се извинува што барала дипломатски решенија за тензиите што растеа додека беше канцеларка.

Дипломатијата не е погрешна затоа што не успеала. Затоа не гледам зошто би требало да кажам дека згрешив и нема да се извинувам за тоа, нагласи Меркел.

Таа рече дека не била наивна кога станува збор за омразата на рускиот претседател Владимир Путин кон западниот демократски модел, додавајќи дека неколку пати ги предупредила своите колеги дека Путин сака да ја подели Европската унија.

Меркел изјави дека нејзината поранешна должност ја обврзува кога зборува за војната. „Јас сум пензиониран сојузен канцелар, а не обичен граѓанин.

Затоа, додаде таа, мора да биде внимателна кога зборува за таа тема, бидејќи не е нејзино да дели совети од страна. Наместо тоа, вели Меркел, таа држи состаноци во кои ужива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен

Дејан Дејан

Обвинителството не ја поврзува смртта на вработен од Комуналец во канал, со загадувањето во Гостивар – има видеозапис од неговата интервенција

Дејан Дејан

Гостиварчани во нова неизвесност, како да ја одржат хигиената – По хидричната епидемија, можен ризик од жолтица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе