Вести Свет Топ вести

Автомобил удри во пешаци во Берлин, загина една жена има и повредени

Најмалку едно лице загина, а 8 се повредени откако возило влетало во пешаци во Берлин.

Инцидентот се случил претпладнево во полуларна шопинг зона во западниот дел на германската престолнина.

Возачот е уапсен но за сега не е јасно дали инцидентот е резултат на несреќа или возачот намерно ги прегазил луѓето.

Спасувачките служби соопштија дека жена е загината, а 8-мина повредени се префрлени на болничко лекување.

Крвавиот инцидент ги врати сеќавањата на крвавиот терористички напад на божикниот пазар во  2016-та, кога 13 лица загинаа на празничниот собир откако терористот со возило влета во беспомошните граѓани. Тој терористички напад се случи на Брајтшајд плоштадот кој е во близина на денешниот инцидент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен

Дејан Дејан

Обвинителството не ја поврзува смртта на вработен од Комуналец во канал, со загадувањето во Гостивар – има видеозапис од неговата интервенција

Дејан Дејан

Гостиварчани во нова неизвесност, како да ја одржат хигиената – По хидричната епидемија, можен ризик од жолтица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе