Вести Свет Топ вести

Ќе се запленуваат авионите на Абрамович, поради кршење на американските санкции

Американски суд дозволи заплена на два авиона во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович. Како причина, го наведе кршењето на забраната за извоз и американските санкции воведени против Русија, соопшти Министерството за правда на САД.

Федерален судија во Њујорк ја одобри заплената побарана од федералните агенти. Се работи за авиони тип „Боинг 787-9“и „Гулфстрим Г650ЕР“, чија вредност се проценува на повеќе од 410 милиони американски долари. Авионите се во сопственост и под контрола на рускиот милијардер и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“.

Американскиот суд обвинува дека двата авиона во март се увезени во Русија од трети земји. „Боингот“ сега се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати, а „Гулфстримот“ е во Русија.

Медиуми пишуваат дека нејасно е како американските власти ќе ги запленат авионите. Но, со пресудата, во иднина ќе се отежнат меѓународни патувања со тие авиони.

Американските власти побараа и парична казна за сопственикот.

Абрамович е еден во низата руски милијардери погодени со санкции поради руската инвазија во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен

Дејан Дејан

Обвинителството не ја поврзува смртта на вработен од Комуналец во канал, со загадувањето во Гостивар – има видеозапис од неговата интервенција

Дејан Дејан

Гостиварчани во нова неизвесност, како да ја одржат хигиената – По хидричната епидемија, можен ризик од жолтица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе