Вести Свет

Ќе влезе ли Финска во НАТО? Со денешната одлука претседателот му испрати порака на Путин

Се очекува Финска денеска да објави дека сака да влезе во НАТО, што ќе биде голема промена во безбедносната политика на земјата.

Финска, која дели граница и тешко минато со Русија, постепено ја зајакна соработката со НАТО откако Русија го анектираше Крим во 2014 година. Но, таа досега се воздржуваше од приклучување за да одржува пријателски односи со источниот сосед.

Сепак, се очекува денеска претседателот Саули Ниинисто да ја објави својата официјална намера да аплицира за членство. Се очекува да дадат согласност и владата и парламентот.

На прашањето дали Финска ќе ја испровоцира Русија со влезот во НАТО, претседателот Ниинисто рече дека виновен ќе биде рускиот претседател Владимир Путин. „Мојот одговор е дека тој го предизвикал ова. Нека се погледне во огледало“, рече тој.

Се чека и одлуката на Шведска

Во соседна Шведска, владејачката партија, која е поделена по ова прашање, во недела ќе објави дали е за влез во алијансата.

Двете нордиски нации имаат долга историја на неутралност, што ја обликувало нивната надворешна политика и идентитет. Станувањето членка на НАТО би било монументален чекор напред, пишува Би-Би-Си.

Нивото на јавна поддршка за влез во НАТО скокна на рекордно високо ниво за време на војната во Украина – 76% од Финците и 57% од Швеѓаните рекоа дека се за.

Русија, која го користи проширувањето на НАТО како изговор за својата инвазија, силно се противи на овој потег.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставните измени со одложено дејство се враќаат на маса

Kristina Kuzmanovski

(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен

Дејан Дејан

Обвинителството не ја поврзува смртта на вработен од Комуналец во канал, со загадувањето во Гостивар – има видеозапис од неговата интервенција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе