Украинските борци кои се спротивставуваат на руските сили во тунелите под челичарницата во Мариупол, одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува Скај њуз, додавајќи дека борбите во последното упориште на украинските бранители во разурнатиот град се интензивираат.
„Нема да се предадат. Се надеваат на чудо“, изјави телефонски за Скај њуз Катарина Прокопенко, сопруга на командантот на Азовскиот полк Денис Прокопенко, кој е сместен во Азовстал. Таа вели дека се слушнала со него на телефон, па рече дека нејзиниот сопруг и рекол дека ќе ја сака засекогаш.
Се верува дека во тунелите под Азовстал се уште има околу 2.000 украински борци.
