Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби традиционалното упориште Вандсворт во Лондон на локалните избори во Англија, првпат по 44 години.
Конзервативците го контролираат советот Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија. Лидерот на локалната конзервативна партија Рави Говиндиа рече дека гласачите ја казнија партијата за кризата предизвикана од зголемените животни трошоци.
Изборите се првиот тест за Џонсон откако тој стана првиот британски лидер кој го прекршил законот додека бил на функција. Минатиот месец плати казна за присуство на роденденска забава во неговата канцеларија во 2020 година, непридржувајќи се до мерките за одржување на растојание воведени за да се спречи ширењето на Ковид.
„Овие резултати потврдуваат дека гласачите ги казнија конзервативците“, рече Џон Куртис, професор по политички науки на Универзитетот во Стратклајд.
