Вести Свет

Грција бара Репортери без граници да објасни зошто е на 108-мо место по слобода на медиумите

Во неодамнешниот извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите, Грција беше рангирана на 108 место, со пад од 38 позиции во споредба со лани, а портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментира дека во конкретниот извештај не се запазени двата принципи на научност и сериозност и преку писмо до Репортери без граници бара одговори.

Иконому, на Фејсбук го објави испратеното писмо, вели дека квалитетот на еден извештај се оценува и според методологијата на истражувањето и документацијата на заклучоците.

Тврдењето дека во земји како Буркина Фасо, Чад, каде што патем владее армијата, но и окупираната територија, која невладината Репортер без граници ја нарекува „Северен Кипар“, иако меѓународно не е призната, има, според нивниот извештај, поголема слобода на медиумите од Грција, освен што нема никаква сериозност, поставува разумни прашања за методологијата и изворите на авторите, пишува Иконому.

Додава дека „индексот, кој нема солидна научна основа и соодветни коментари, ја искривува сликата за земјата“ и затоа, преку писмо испратено вчера, бара во разумен рок да добијат целосен одговор на неколку прашања.

Портпаролот на грчката Влада од Репортери без граници бара „јасно и поткрепено уверување дека списокот на „експертите за слободата на медиумите“ кои учествуваа во одговорот на прашалниците за Грција, не вклучува лица кои се под истрага на грчката правда“; ја бара „точната методологија што се применува, особено за мерливите и објективни показатели, за класификацијата на земјата и начинот на пресметување на бодовите“; ги бара критериумите што се користат за рангирање на земјите, како и податоците за Грција од 2015 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе