Вести Свет

До септември се очекуваат новите вакцини против омикрон варијантата

Европската агенција за лекови денеска соопшти дека се надева дека вакцината, адаптирана за одредени варијанти на коронавирус, како што е омикронот, ќе биде одобрена до септември.

-Наш приоритет е да се осигураме дека приспособените вакцини потенцијално ќе бидат одобрени најдоцна до септември за да бидат подготвени за новите есенски кампањи за имунизација во ЕУ, рече Марко Кавалери, раководител на Одделот за биолошки здравствени закани и стратегии за вакцини во ЕМА .

„Тоа ќе им овозможи на производителите соодветно да ги приспособат своите производствени линии“, додаде тој.

Вакцините базирани на мРНА, произведени од Фајзњер БиоНТек и Модерна, се најдалеку отидени, а клиничките испитувања се во тек.

-Сè уште не се знае дали вакцините ќе имаат за цел  една или две варијанти во една доза, додаде Кавалери.

Според него, околу половина од граѓаните на ЕУ се целосно вакцинирани и добиле дополнителна доза, додека 15 отсто од оние над 18 години воопшто не се вакцинирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе