Вести Македонија

Русковска за Топ Тема: Камчев се спогодил со обвинителството во случајот Империја

Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор, ова за Топ Тема на Телма го изјави раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Интервјуто ќе биде емитувано вечерва на Телма во 19:15 во редовниот термин на Топ тема. Русковска појасни дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

-Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата (н.з. пред два дена). Од фирмата Кара односно Орка Холдинг ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП. Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка птротив него, а тој се согласи на казна од една година затвор, истакна Русковска во интервјуто за Топ Тема на Телма.

-Пред 15-на дена беше поднесена иницијативата. Каде што е предвидена казна затвор од 5 години, согласност мора да даде јавниот обвинител. Разговаравме со надлежната обвинителка Лиле Стефанова и доставивме предлог до државниот обвинител Љубомир Јовевски. За 7 дена добивме согласност, а во меѓувреме тој ги уплати средствата на УЈП, рече Русковска.

Повеќе во вестите на Телма во 15:30 и во Топ Тема во 19:15.

Врховен суд го одби барање на Груевски за преиспитување на пресудата за „Насилство во Центар“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе