Вести Свет Топ вести

Украинците во подрумите го слават Велигден, Путин на литургија во Москва

Во она што остана од нејзиниот дом, баба Олена го замеси велигденското лепче, во Украина познато како Кулич. Војната и бомбите фрлени врз нејзината куќа во Чернихив не ја поколебаа да го одбележи празникот, но оваа година без фарбани јајца. Баба Олена ќе го подели замесениот леб заедно со 12 соседи со кои веќе цел месец живеат во подрумот од нејзината урната куќа. Нема радост на овој ден вели баба Олена, а солзите не и се сопираат.

Како се чувствувам? Нервозно, сите се нервозни. Празникот Велигден не ми носи радост, многу плачам. Не можеме да заборавиме како живеевме, вели ОЛЕНА КОПТИЛ, ЖИТЕЛка НА ЧЕРНИХИВ

Градот Чернихив кој се наоѓа на северот од Украина беше еден од најпогодените од руските бомби. Стотици загинаа додека украинските сили да се пробијат и да ги натераат Русите да се повлечат на почетокот од овој месец. Оние кои избегаа полека се враќаат, а оние кои останаа и чии домови се уништени како на баба Олена се обидуваат да обноват соба по соба.

Злото нема да ја уништи Украина, порача претседателот Зеленски во велигденската порака до својот народ, кој христијанскиот најголем празник го минуваат во подрумите, а децата два месеца не го гледаат синото небо. Но, им порача да не губат надеж.

Денешниот голем празник ни влева надеж и верба дека светлината ќе ја победи темнината, доброто ќе го победи злото, животот ќе ја победи смртта. Затоа, Украина ќе победи неизбежно, порача Зеленски. 

Зеленски веќе два месеца ги моли западните сили да му дадат повеќе оружје за да може да победи. Тоа е темата и на денешната средба со американскиот државен секретар Блинкен, кој доаѓа во посета на Киев. Не ми доаѓајте со празни раце порача украинскиот претседател, а поддршката ја очекуваат и Украинците.

Не ни треба само оружје, и финансиска поддршка, ни треба и морална поддршка, не само од САД, туку и од цела Европа. Акција, не само зборови, вели ВИКТОР ЛОБУШ, ЖИТЕЛ НА КИЕВ

Украина денеска влегува во третиот месец од руската инвазија, која ги живее најлошите ужаси од 20-от век. Во моментов , битките се фокусирани на истокот – во Донбаскиот регион. Ќе успеат ли украинските војници да го дадат истиот отпор како за Киев, зависи од тоа колку оружје и воена поддршка ќе дадат западните сили. Или времето, заморот и намалените залихи на муниција ќе го земат својот данок?

Но, додека половина Украина велигденските свеќи ги запалија во скривниците, рускиот претседател Путин молитвата ја кажа во московската црква Христос Спасител.

Секој од вас со свеќа може да го прими овој оган од Светиот гроб.  

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе