Вести Свет

Политичар од Република Српска ги навредувал католиците на Велигден, вели дека ги мрази

Заменик-градоначалникот на Приједор, Жарко Ковачевиќ од партијата Обединета Српска, која е коалициски партнер на СНСД на Додик, на Велигден ги навредувал сограѓаните од католичка вероисповед, пишува Кликс.

Ковачевиќ на својот официјален Фејсбук профил објави објава во која меѓу другото ги навредува католиците и католичките свештеници.

Кога ќе се сетам што правеше и што им прави католичкото свештенство на Србите, колку жртви имаше под нивен благослов, не дека не можам да им честитам, туку ги мразам“, напиша Ковачевиќ.

Во продолжение Ковачевиќ го нападна Ватикан.

„И Ватикан беше многу вклучен во политиката, за добро никогаш не се сетивме на нив. Кој не знае дека Босна и Херцеговина сè уште е тера мисионарис за нив, тој не знае ништо“, напиша Ковачевиќ на Фејсбук.

На крајот од својата објава тој рече дека не сака никаков контакт со „ватиканистите“.

А до искреното извинување и покајание, нека им е убава куќа на Ватикан далеку“, заклучува Ковачевиќ во својата објава на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе