Од Иван Ванчо Михајлов, преку Тодор Александров, Цар Душан и Илирида, се имињата кои можат да се најдат во Македонија со просто пребарување на регистерот на здруженија, фондации, трговски друштва.
Имињата на историски личност кои можат да предизвикаат некаков вид на нетрпеливост, но и на и замислени топоними кои наведуваат на уривање на уставниот поредок на земјава, се наоѓаат на здруженија, трговски друштва, улици, пекари, занаетчиски работилници.
Законот за здруженија и фондации, но и Законот за трговски друштва иако пропишува процедура за одобрување на имиња како називи на здруженија, фондации и трговски друштва пред тие да бидат регистрирани, скандалот со регистрацијата и именувањето на Здружението и Клубот кои го носат името на „Иван Ванчо Михајлов“, соработник на фашистите во Втората Светска војна, покажа дека тие освен што се недоволно прецизни, можеби се и недоследно спроведени.
По вчерашната информација од Министерство за правда дадена за Телма дека во подготовка е закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, за што на 16-ти март оваа година е формирана работна група составена од повеќе институции, а која меѓу другото ќе ги разгледуваа сите отворени прашања поврзани со овој закон, вклучително и прашањето за историските личности.
„На веб страницата на Министерството за правда објавен е јавен повик до сите граѓански здруженија и организации да дадат свои забелешки, идеи , сугестии за изготвување на новото законско решение. Во рамки на работната група ќе се разгледуваат сите отворени прашања меѓу кои и прашањето за историски личности“, беше наведено во вчерашниот одговор од Правда.
Телма денеска повторно побара информација од Правда, дали е започната процедура за содавае на регистер на имиња што можат или пак не можат да се користат како називи на здруженија и фондации, како и кој ќе изготви истиот.
Но ака се разгледа јавниот повик кој завршува на 26 овој месец може да се забележи дека на него е прикачен документ, посочен како документ за диксусија за рефома на Законот, но во кој доколку се исчита не може да се најде регистрира слабост во делот на именувањето на здруженијата, а такво нешто нема ни во препораките кои се даваат во која насока да се движат измените.
Во документот исто така се нотира потреба од допрецизирање во делот на финансирање на здруженијата и фондациите од страна на државата, политичките партии и нивната ангажираност во политички процеси, но нема ниту збор за финансирање од страна на странски држави, но и правни и физички лица кои не се државјани на Македонија.
Истовремено додека Законот забранува основање на организација ако нивната програма и нејзиното дејствување, меѓу другото е насочено кон некаков вид на нетрпеливост, сферата на социјалните мрежи останува нечепната.
Па така на пример здружението „Иван Михајлов“ во својот статут и програма немаат ниту збор кој би наведувал на некаква нетрпеливост или противуставни дејствија, туку сосема спротивно наведува дека ќе работи на воздигнување и достоинството на макеоднската држава, на нивниот фејсбук профил наведува дека се залага за рехабилитација и просветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија, а во своите последни објавни на фејсбук наведуваат дека Тито ја создал Македонија, како што Путин создал држава во Донбас.
Инаку останува нејасно и дали со измените на Законот за здруженија и фондации, по сканадлот со здружението Ванчо Михајлов, ќе се разгледува законска можност за ревидирање на сите постојни имиња на здруженија и фондации.
Тамара Грнчароска
