Во последните 24 направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19, од кои еден е реифнекција, информира Министерството за здравство.
Од новите случаи, 19 се од Скопје, двајца од Прилеп и по еден од Гостивар и Свет Николе.
Регистрирани сe 190 оздравени пациенти од: Скопје – 108, Битола – 23, Кавадарци – 13, Гевгелија – 9, Прилеп – 7, Велес – 6, Куманово – 5, Ресен – 4, Струмица и Кичево – по 3, Тетово, Штип, Кочани и Пробиштип – по 2. Свети Николе – 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Охрид (80г), починато во болнички услови со коморбидитети.
