Вести Македонија

Тетово и натаму се гуши во ѓубре – вината во луѓето, но и институциите

Прашина на повеќе улици, наместа расфрлан отпад, контејнери кои во попладневните часови се преполни, па има и ѓубре околу нив.

Во недостиг на место за депонија за градежен шут, истиот се фрла во близина на стариот градски стадион.

Ваква е сликата на Тетово. Граѓаните велат дека вината за тоа е и во луѓето, но и во институциите.

Нгадњим Мехмети од Еколошкото здружение Еко-Герилa вели дека нашиот град продолжува да биде еден од најнечистите градови во земјава, а можеби и во регионот.

Тој потенцира дека надлежните треба да бидат поажурни, но и да ги казнуваат несовесните граѓани.

Градоначалникот Биљал Касами, на граѓанската акција за чистење, која беше организирана минатиот месец, рече дека се размислува за поставување камери на критичните точки, со цел идентификација на несовесните граѓани.

Инаку досега инспекциските служби на Општината немаат изречено казни за недозволено фрлање отпад.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поскапуваат за три денари, дизелот за 4,5 денари – нови, повисоки, цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе