Вести Свет

САД објавија нови детали за запленувањето на суперјахтата на рускиот олигарх во Шпанија

Американските власти најавија запленување на суперјахтата на Виктор Векселберг, додавајќи дека тој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Според нив, олигархот роден во Украина ги прекршил санкциите што му ги воведоа САД во 2018 година. Повторно беше санкциониран минатиот месец, откако започна руската инвазија.

Луксузен 78-метарски брод наречен Танго и проценет на 90 милиони долари беше запленет во рација на шпанската полиција на медитеранскиот остров Мајорка, по барање на САД.

Акцијата е првиот потфат на новосоздадената иницијатива на американското Министерство за правда која има за цел да ги казни руските олигарси за кршење на американските санкции.

Официјални лица велат дека Векселберг продолжил да плаќа преку американските банки за поддршка и одржување на јахтата Танго.

„Денеска нашата работна група ја изврши првата заплена на имот што му припаѓа на санкционирано лице со блиски врски со рускиот режим. Тоа нема да биде последно“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, настрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе