Вести

ЕК смета дека пописот е согласно стандардите, МПЦ се сомнева во резултатите, реагира и бугарското МНР

Европската комисија смета дека пописот е направен според сите стандарди. Во изјава за МИА, портпаролката на Комисијата Ана Писонеро вели дека законот и Методологијата врз кои се базирани подготвувањето, организацијата и спроведувањето на пописот се  широко усогласени со релевантните стандарди дефинирани со статистичкото законодавство на Европската Унија.

Но ниту денеска не стивнуваат  реакциите на пописните резултати. Бугарското МНР се сомнева во бројот на попишани Бугари во Македонија чиј број изнесува 3504.Прашуваат како е можно да има толкава разлика меѓу оваа бројка и онаа од над 100 000 македонски граѓани кои лично поднеле документи со доказ за бугарско државјанство.

,,Објект на сериозна анализа е и фактот што 7,2% од граѓаните на соседната земја не се преброени активно.Според изнесената информација,податоците за нив биле собрани од соодветна информациска база, без да им се определи етничка и религиозна припадност,,велат од МНР на Бугарија.

Резултатите од пописот ги оспоруваат и Демократската партија на србите и српската заедница во Македонија. Претседателот на партијата Иван Стоилковиќ ги информира  сите срби во нашата земја дека во втората половина на годината ќе се спроведе нов попис, електронски и теренски на кој ќе може да се регистрираат. За ова ќе добијат и сертификат кој ќе може да го користат за остварување на правото на образование, стекнување имот, државјанство и други придобивки од Република Србија.

Незадоволна е и Македонската православна црква. Синодот на МПЦ се сомнева во прецизноста на податоците.Во соопштението наведуваат дека применетата методологија во графата религиозна припадност не разликува припадност на религија, на вероисповед, на црква или верски заедници и групи.

,, Сметаме дека постои сериозна статистичка грешка, која во случајотт опфаќа 13,4% од населението. Попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување,, се вели во соопштението на Синодот на МПЦ.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе