Вести Македонија Топ вести

Пожарот во Пржино локализиран- нема повредени, гадоначалникот бара истрага

Во скопската населбата Пржино во Кисела Вода, попладнево настана пожар во напуштена барака, односно поранешно основно училиште. Засега не се познати причините за
настанување на пожарот.

Командантот на скопската Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски информираше дека три противпожарни возила интервенирале на терен. Освен пожарникари, на терен имало и екипи на полицијата.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода апелираше до МВР да го истражи случајот, бидејќи како што истакна тој не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку за човечки фактор. Ако ова се потврди, Ѓорѓиевски рече дека треба да има одговорност.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе