Основните судови работеле турбо, апелационите и врховниот касакале зад нив. Заедно успеале да решат 567.000 предмети или 2.000 илјади повеќе од минатата 2021- ва година и добиле позитивна оценка за ажурност кај одговорната институција. Судскиот совет разгледал 142 приговори за работата на судии, а седуммина судии добиле отказ. Ланскиот годишен извештај ги извадил на виделина сите недостатоци во судската фела.
Наместо трка со судски предмети, судскиот совет врз основа на заклучоците од извештајот ќе ја вгради во АКМИС системот новата методологијасо која ќе се вреднува работата на судиите. Причини заради кои ќе се добива отказ или напредување во судскиот врв.
Работата на судиите во однос на предметите е мерлива, но слабо функционира казнивоста на судиите заради нивното етичко и морално однесување. Последниот скандал со судијата Лазар Нанев во „Палермо“ судскиот совет го предал во раце на советот на етика. Но, што и да одлучи советот, Нанев останува претседател на судот во Кавадарци.
Скандалот „Палермо“ заради користење привилегии од фудбласката федерација како присуство во ВИП ложа, и лет до Италија за фудбласкиот меч на репрезентацијата ги поттикна обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Нанев да го правдаат патувањето, но како се нашол во Палермо министерот за правда сеуште нема одгвор од него. Но, тоа не ја спречува владата да покрене иницијатива за утврдување одговорност согласно етичкиот кодекс за функционери.
Павле Беловски
