Вести Македонија Топ вести

Сите проценти за етничка припадност се поголеми од она што беше објавено. Причина- начинот како е правена математиката на пописот

Државниот завод за статистика ги објави податоците за резидентно, вкупно и за население во дијаспора. Покрај тоа направи пресметка за процентите на етничка припадност во резидентното население кое е 1.836.713.

Според објавената пресметка на ДЗС, 58.44 % се Македонци, 24.30% се Албанци, Турци има 3.86%, како Роми се изјасниле 2.53%, 0.47% се Власи, Србите се 1.3% додека Бошњаците се 0.87%. Ова се уставно наведените етнички групи, останатите се 0,98% од бројот на попишани, а има уште 0,08% неизјаснети или непознато.

Збирот на овие проценти е околу 92,8 %, па до цело 100 недостасуваат уште 7,2%. Вчера кога беа објавувани податоците, беше објавен процентот и бројот на жители по етнички заедници, но од ДЗС немаше деталн објаснување за разликата, иако постојано повторуваа дека 132.260 граѓани се попишани со податоци од административни извори. Токму тие административно попишаните се 7,2 % и ја оформуваат целината од 100 проценти како што е нормално во математиката и статистиката.

Доколку се направеше попрецизна презентација ќе излезеше дека „попишаните преку податоци од административни извори“ се трета по бројност група зад Македонците и Албанците, на нив отпаѓа секој 14-ти граѓанин во државата, но местото на овие граѓани секогаш беше на дното на табелите на ДЗС.

Поради тоа статистички ги пресметавме процентите по познатото математичко-статистичко правило, една целина да биде секогаш вкупно 100 %.

Од вкупниот број на над 1,836 милион граѓани попишани на пописот ја извадивме бројката на „попишаните преку податоци од административни извори“ односно 132.260. Нив ги извадивме бидејќи за нив не се земени податоци за етничка или религиозна припадност, она што се смета за лично чувство на граѓаните.

Разликата изнесува 1.704.453 и преку броевите на оние кои се изјасниле според етничка припадност ги пресметавме процентите до вкупно 100.

Логиката и математиката покажаа дека сите проценти на етничките групи се повисоки од оние објавени за резидентите во државата.(продолжува по линкот)

Во Македонија живеат вкупно 1.836.713 граѓани

Така според логичната (цело има 100%), Македонци има 62.97% од пребројаните и изјаснетите по етничка припадност Македонци, 26.18% се Албанци, има 4.16% Турци, 2.72 % Роми, а 1.4% се изјасниле како Срби. Од уставните етнички заедници, има 0.94% Бошњаци и 0.51% Власи.

Други етнички заедници неспомнати во Уставот се 1.3 % од попишаното и етнички изјаснето население, 0.026% не се изјасниле, а оние што се изјасниле како марсовци или џедаји се во графата непознато односно 0,027% од вкупниот процент. Сите проценти се заокружени математички на две цифри зад децималната запирка, поради што нивниот збир е малку над 100 проценти (заокружено на 6 цифри зад децималната запирка дава збир од точно 100%).

Ова се однесува на резидентното население, а слична но помала разлика во плус за сите етнички проценти ќе се појави доколку се пресмета и за вкупното население.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе