Нов состанок ќе се одржи денеска и утре Заедничката комисија за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија. Осумнаесеттиот состанокот ќе се одржи во Скопје, а на дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.
Според Копретседавач од македонска страна Драги Ѓоргиев работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Состанокот доаѓа по средбата во Софија на шефови на влади на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, на кој присустуваа и премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.
