Вести Македонија

ДИК: Методологијата и евиденцијата на Избирачкиот список нема никаква поврзаност со методологијата за попис

Методологијата и условите за ажурирање на податоците во Избирачкиот список и евиденцијата на уставно загарантираното избирачко право е различна и нема никаква поврзаност со  методологијата за попис на населението, што значи дека Избирачкиот список и пописот на населението се две различни категории регулирани според посебни законски критериуми, реагираат од Државната изборна комисија по објавувањето на резултатите од пописот, кои покажаа помалку резидентно население од број на регистрирани гласачи во изборачкито список.

Избирачкото право е уставна категорија и е уставно загарантирано право, посочуваат од ДИК и додаваат дека согласно Уставот, секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.

Согласно уставната дефиниција за избирачкото право Изборниот законик предвидува дека:

 

Право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во РСМ;

 

Избирачкиот список е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право;

 

Избирачкиот список се води според Регистарот на државјаните, а во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето, кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа;

Од ДИК додаваат дека во избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на РСМ кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на РСМ и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во РСМ.

Според пописот во државата има помалку од 1,5 милион гласачи додека во избирачкиот список има над 1,8 милион. Еве зошто?

Податоците за евиденција во Избирачкиот список, согласно Член 43 од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги добива од Министерството за внатрешни работи, соопштуваат од ДИК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе